Thursday , November 21 2019
Home / Latest Articles / ТЦР Европа: Џош Фајлс со победа и титула, Давидовски со брилијантно возење и нови поени

ТЦР Европа: Џош Фајлс со победа и титула, Давидовски со брилијантно возење и нови поени

2019 сезона во Европската ТЦР Серија заврши

Денес на патеката Монца во Италија се одржи последната рунда од Европската ТЦР Серија, со која заврши сезоната во полза на Британскиот возач Џош Фајлс, кој со највисок стил – победа, ја заврши сезоната и ја освои титулата во оваа престижна серија.

Тој стартуваше од втората позиција на гридот во уште една трка, зачудувачки без излегување на безбедносниот автомобил на патеката, а веднаш во првиот свиок се најде на лидерската позиција одржувајќи го брзото темпо до линијата на целта.

Лесно беше да се види дека тој не калкулираше, туку одеше на победа, иако знаше дека ако се случи нешто непредвидливо, би можел да ја загуби титулата од Жулиен Брише кој брилијантно се проби од десеттата позиција до втората, правејќи му притисок на Британецот до самата цел.

Но Фајлс успеа да го издржи притисокот и со највисок стил да ја освои титулата. Брише заврши на втората позиција, а исто така ја освои и вицешампионската титула, додека на третата позиција во генерален пласман кај возачите заврши Сантиаго Урутиа, за кого денес ќе слават Уругвајските навивачи.

Трет на трката заврши Лојд, пред Теди Клаире, Морбидели, Урутиа, Комт, Џими Клаире, Поти и Бауман, кој ги комплетираше топ 10те на последната трка.

Македонскиот натпреварувач Виктор Давидовски денес имаше брилијантна трка, најдобра оваа сезона. Тој стартуваше од 18тата позиција пробивајќи се до 12та, но поради грешка тој за кратко загуби контрола над воланот губејќи три позиции, за подоцна да се врати на 13тата позиција.

Ова е уште едно освојување на поени – 5 и тоа во огромна гужва од 33 возачи, а тоа значи дека полека но сигурно влегува во чекор со најдобрите возачи. За плановите за следната сезона сеуште е рано, но се надеваме дека за брзо ќе ги добиеме информациите и ќе ги споделиме со вас.

Check Also

BTCC: Hyundai влегува во Британскиот туринг шампионат со i30 Fastback N

Тимот на Excelr8 Motorsport ќе донесе нов бренд и два автомобили Hyundai i30 Fastback N …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *