Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / ТЦР Европа: Audi повторно најбрз во Барселона, овој пат со Сантиаго Урутиа

ТЦР Европа: Audi повторно најбрз во Барселона, овој пат со Сантиаго Урутиа

Втори слободни тренинзи во Барселона…

Со мало задоцнување се одржаа и вторите слободни тренинзи на патеката Каталуња крај Барселона, на кои повторно најбрз автомобил беше Audi, но овој пат со Сантиаго Урутиа позади воланот на Audi RS3 LMS од Team WRT (1:53.960), додека подобрување од првиот тренинг имаше Џош Фајлс кој имаше второ време, со заостанување од 0.413 позади Урутиа.

Трет на вториот слободен тренинг во Барселона беше Доминик Бауман пред Нелсон Панчиатичи, тројцата во Hyundai. Петто време забележа Жулиен Брише, пред Андреас Бекмен и Даниел Лојд на шестата и седмата позиција, додека осми и деветти завршија Мато Хомола и Џими Кларие. Жил Магнус, кој во првиот тренинг имаше најбрзо време, ги заокружи топ 10те.

Нашиот натпреварувач Виктор Давидовски имаше време од 1:55.521 кое го извозе во 9от круг од извозени 12, а се пласираше на 21та позиција. Квалификациите и првата трка се на програмата во сабота во 11:49 и 17:45 часот. Останатите резултати погледнете ги подолу:

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *