Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / ТЦР Источна Европа – Гробник: Пол позиција за Борковиќ, Стефановски стартува седми

ТЦР Источна Европа – Гробник: Пол позиција за Борковиќ, Стефановски стартува седми

Овој викенд на патеката Гробник над Ријека се одржува кружна трка насловена како „Награда на Хрватска“ каде се пријавени околу 130 возачи во различни класи и категории, а една од тие категории е ТЦР Источна Европа во која настапуваат 13 возачи.

Оваа класа е доста интересна бидејќи стартуваат четири познати возачи од бившите југословенски простори и тоа: Душан Борковиќ, Милован Весниќ, Игор Стефановски и Немања Миловановиќ. Сите овие возачи имаа импресивни настапи на ридски патеки низ балканов и Европа, а исто така и на кружни патеки. Но дојде време оваа четворка да се најде на иста трка.

На денешните квалификации Српскиот возач Душан Борковиќ ја освои пол позицијата позади волан на автомобил Hyundai i30 N за M1RA Racing кој константно го подобруваше неговото време по круг (1:28.636), додека неговиот најблизок ривал Мато Конопка ја освои втората стартна позиција со речиси една секунда заостанување (1:29.613).

Трето време на квалификациите за трета стартна позиција извози Милован Весниќ во Cupra (1:29.887), додека Унгарскиот возач Бенс Болдиш успеа да стигне до четвртата стартна позиција со време од 1:29.929, пред Јахум Галаш на петтата.

Петр Чизек ќе стартува од шестата позиција пред Македонскиот возач Игор Стефановски кој ќе стартува од седмата позиција, додека позади него стартуваат Кишмарти Лехнер, Коуржила, Макеш, Миловановиќ, Јаблонски и Витке кој ќе стартува од последната 13-та позиција.

Првата трка од ТЦР Источна Европа ќе стартува во 10:45, додека втората е на програмата од 15:15 часот со директен пренос на овој линк – https://www.youtube.com/watch?v=4Hcm6ng5awU

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *