Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / ТЦР Источна Европа: Доминантна победа на Борковиќ на Гробник, Стефановски шести

ТЦР Источна Европа: Доминантна победа на Борковиќ на Гробник, Стефановски шести

Патеката Гробник во Хрватска овој викенд е домаќин на првата рунда од Источно Европскиот ТЦР шампионат каде Српскиот автомобилист Душан Борковиќ дојде до доминантна победа од старт до цел, позади воланот на M1RA Racing Hyundai i30 N

Гридот од 18 автомобили и тоа како добро изгледаше на легендарниот Гробник, но сепак не добивме борба каква што очекувавме. Душан Борковиќ имаше перфектен старт веднаш правејќи пристојна предност пред неговиот најблизок ривал на оваа трка, неговиот сонародник Милован Весниќ, кој исто така имаше добар старт од третата позиција превземајќи ја втората веднаш после стартот.

И покрај квалитетното возење на Весниќ кој оваа година ја брани титулата во овој шампионат, тоа беше недоволно за расположениот Борковиќ кој не остави ништо на случајност и дојде до убедлива победа. Единственото приближување на Весниќ до Борковиќ беше за време на безбедносниот автомобил кој излезе на патеката поради инцидент, а откако се повлече, Борковиќ продолжи и понатаму со истото темпо и ја заврши трката со предност од осум секунди пред Весниќ.

Трет на подиумот се искачи Матеј Конопка, додека веднаш позади него на четвртата позиција заврши Бенс Болдиз. Петти беше Јахум Галаш, додека позади него на шестата позиција заврши Македонскиот претставник на оваа трка Игор Стефановски, кој стартуваше од седмата позиција.

Стефановски одлучи да вози на оваа трка, откако неговиот тим не доби дозвола за да влезе во Италија поради забраната за Македонски државјани во Италија поради корона вирус пандемијата како би настапил на првата трка од Италијанскиот ТЦР шампионат.

Осми беше Микал Макеш пред третиот Српски возач Немања Миловановиќ на деветтата позиција. Останатите резултати погледнете ги подолу, а втрата трка пратете ја во живо на овој линк https://www.youtube.com/watch?v=_jy-9TcPc0U во 15:15 часот.



Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *