Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / ТЦР Италија: Бриљадори со победа, Стефановски со седма позиција на Валелунга

ТЦР Италија: Бриљадори со победа, Стефановски со седма позиција на Валелунга

Ерик Бриљдори дојде до победа на првата трка од овој викенд на патеката Валелунга која беше прекината поради опасната незгода на Ерик Скалвини.

Возачот на BF Motorsport Ерик Бриљадори после освоената пол позиција, му требаше само добар старт и одржување на предност со целта, што и се случи за да дојде до победа. Но сепак победата не беше проаѓање низ развеано карирано знаме, туку низ црвено знаме и позади безбедносен автомобил како знак за прекината трка поради стравичната незгода на Ерик Скалвини.

Прекинатата трка го донесе овој поредок. Ерик Бриљдори дојде до сигурна победа пред Алесандро Џиардели, додека Салваторе Тавано се искачи на последното место на подиумот. Феличе Јелмини пристигна како четврти пред Јакопо Гвидети на петтата позиција, додека шести беше Марко Пелегрини пред Македонскиот возач Игор Стефановски кој стартуваше од десеттата позиција, за подоцна да успее да се пробие до седмата.

Инаку Стефановски имеше петто време во првиот слободен тренинг во петокот, додека во вториот најбрзиот круг му беше за 13-то време, а на квалификациите дојде до 10-та стартна позиција. Стартот на втората трка е утре (недела) од 16:35 часот, со траење од 25 минути плус еден круг.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *