Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, а рекордната бројка од 26 натпреварувачи ветува опасна борба…

На утринските квалификации Феличе Јелмини после техничките проблеми на Мугело и стартот од последната позиција, овој пат дојде до пол позиција за првата трка позади воланот на неговото Хјундаи, а времето од 1:41.136 беше едноставно недостижно за неговите конкуренти.

Во текот на квалификациите два пати излегуваше безбедносниот автомобил, а тоа резултираше со помешување на сметките на оние кои напаѓаа за најбрз круг.

Втората позиција на стартот ја обезбеди Аргентинецот Франко Гиролами, кој заостана за 0.473 секунди позади Јелмини на 4.226 метарската патека.

Од вториот ред од третата и летвртата позиција ќе стартуваат Марко Пелегрини и Мауро Гвастамачиа. Петти ќе стартува Ерик Бриљадори, додека од шестата позиција ќе стартува актуелниот првак Салваторе Тавано.

Првата од двете трки на Мизано е закажана денес од 16:10 часот, додека втората трка започнува утре (недела) од 11:50 часот. Двете трки ќе можете да ги пратите во живо на фејсбук страната на ТЦР Италија.

Check Also

Стартува Британскиот туринг шампионат, Донингтон Парк, Брендс Хеч и Олтон Парк без публика

Донингтон Парк овој викенд за старт на сезоната, потврдено е дека публиката нема да може …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *