Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / ТЦР Италија: Седма стартна позиција за Стефановски на финалето на Имола

ТЦР Италија: Седма стартна позиција за Стефановски на финалето на Имола

Имола овој викенд е домаќин на финалето на Италијанското туринг првенство.

(ДОПОЛНУВАЊЕ – Поради казна од минатата трка, старт за Стефановски две позиции поназад, поточно од 9-тата позиција, додека на втората трка ќе стартува од првиот ред од втората позиција)

Овој викенд на патеката Имола во Италија се одржува последната рунда од Италијанското туринг првенство во кое Македонскиот натпреварувач Игор Стефановски настапува во оваа тешка и комплицирана сезона поради пандемијата од Ковид-19.

Вчера на првиот слободен тренинг Стефановски освои деветто најдобро време, додека на вториот тренинг тој успеа само до 10-то време. Додека на денешните квалификации Стефановски се квалификуваше на седмата стартна позиција и ќе стартува од четвртиот ред.

Пол позицијата ја освои Јакопо Гвидети, додека веднаш до него од втората позиција ќе стартува Бриљадори. Трет ќе стартува Џакон пред Балдан, Пелегрини, Јелмини, Стефановски, Аскона, Леонов, додека Акмадов ги комплетираше топ 10-те стартери.

На финалето на Имола ќе настапат 20 возачи, а првата трка започнува денес од 16:00 часот, додека втората трка започнува во недела од 12:40 часот, двете во должина од 25 минути плус 1 круг.

Check Also

БТЦЦ: Акцијата на првата трка на Брендс Хеч Инди во 70 секунди

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FOfficialBTCC%2Fvideos%2F1562130737330607%2F&show_text=true&width=560

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *