Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / ТЦР Италија: Убедлива победа во втората трка за Стефановски

ТЦР Италија: Убедлива победа во втората трка за Стефановски

Игор Стефановски дојде до убедлива победа во втората трка на патеката Валелунга во рамките на Италијанскиот ТЦР шампионат откако после перфектниот старт никој од ривалите не успеа да му пркоси за водечката позиција.

После вчерашната освоена седма позиција, за Стефановски следеше пол позиција во втората трка. Перфектниот старт му помогна да се одвои од конкуренцијата, а борбата за позиција која се водеше позади него, му овозможи да направи голема разлика од девет секунди пред Џардели и 15 секунди пред Гвидети кој до последниот свиок водеше пеколна борба за третото место на подиумот со Пелегрини.

Ова беше Македонската химна по втор пат во Италија после победата на Имола, а се надеваме дека уште на многу трки во иднина ќе се вее Македонското знаме и ќе свири Македонската химна. Следниот предизвик за Стефановски е патеката Монца, од 6 до 8 ноември.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *