Wednesday , October 17 2018
Home / Uncategorized / ТCR: Стефано Комини ја преслуша конкуренцијата на Спа-Франкоршамп!

ТCR: Стефано Комини ја преслуша конкуренцијата на Спа-Франкоршамп!

На денешната прва одржана трка на легендарната патека Спа-Франкоршамп во рамките на TCR шампионатот, Швајцарскиот возач Стефано Комини дојде до убедлива победа позади воланот на автомобилот Audi RS3 LMS, после освоената пол позиција

Комини беше едноставно непобедлив од страна на неговите конкуренти победувајќи со дури 3.547 секунди пред второпласираниот Бенџамин Лесенес и третопласираниот Атила Таши од приватниот тим на WTCC возачот Норберт Михелис, позади воланот на M1RA Civic TCR. На стартот Унгарскиот возач Таши го превзема водството, благодарение на перфектниот старт, рамо до рамо со Лесенес.

Комини се најде на третата позиција пред неговиот тимски колега Фредерик Вервиш, но веднаш го пројде Лесенес и се пушти во бркање на Таши. Во вториот круг Комини направи спектакуларен потег за превземање на водството после што едноставно беше невозможно никој да му се приближи. Крајно расположениот Комини уште пред трката изјави дека оди на се или ништо – „Или го минам О Руж со полна гас или завршувам во банкината“ – беа неговите зборови.

Позади првите тројца Комини, Лесенес и Таши, топ 5-те ги комплетирааа Жан-Карл Верне и Фредерик Вервиш, додека Роб Хаф кој беше повикан да ја доврши сезоната како поддршка на Верне, заврши на шестата позиција, пред Едоард Мондрон, додека во топ 10 завршија Том Коронел, Пепе Ориола и Пјер-Ив Кортал.

Втората трка е закажана за утре во 11:35 по локално време

Check Also

WRC Монте Карло: Танак се поблиску до Ожие

Предноста на Себастиен Ожие се стопи на 14.9 секунди после негова грешка, а тоа му …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *