Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / Ушќе 2 квалификации: Давидовски со мали проблеми, Вуков со подобрено темпо

Ушќе 2 квалификации: Давидовски со мали проблеми, Вуков со подобрено темпо

Топло време и врел асфалт се најголемите проблеми за една кружна трка. Тоа беше Ушќе денес, но се очекува уште потопло време утре кое ќе им зададе проблеми на автомобилите на храбрите возачи кои ќе бидат дел од спектаклот на Белградската улична патека.

Денес бевме сведоци на возбудливи квалификации. Најдобро време на денешните квалификации во класата Југо Хибрид имаше Душан Настасијевиќ кој ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка. Веднаш позади него од втората позиција ќе стартува Часлав Тошиќ кој заостана за 0.065 секунди позади Настасијевиќ на денешните квалификации.

Од вториот ред на третата позиција ќе стартува Виктор Давидовски. Инаку Давидовски денес имаше проблеми со автомобилот што не е својствено за него. Ако може да се нарече дефект, имаше проблем со сајлата за гас, поточно откачување кое го спречи да дојде до уште побрз круг и подобра стартна позиција за утрешната трка. Тој исто така се пожали дека автомобилот не е оваа трка за прва позиција, но сепак останува утре да ја проследиме борбата.

Позади него од четвртата позиција ќе стартува Петар Милорадовиќ, додека Ристо Вуков машки се избори за петтата позиција. На вакво топло време возачите ќе имаат доста проблеми со загревање на автомобилите, затоа вистинската комбинација за победа е прва стартна позиција и директен проток на воздух во ладилникот, а не користење заветрина и проток на топол воздух од возачот напред.

Но да оставиме за утре и да видиме како ќе течат работите. Ова се трки и многу работи се релативни нели?

Подолу погледнете ги целосните резултати:

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *