Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: Фетел: Pirelli беа во право што ги изменија гумите во Барселона

F1: Фетел: Pirelli беа во право што ги изменија гумите во Барселона

По првиот ден од тестот во Шпанија, Себастијан Фетел се увери дека промената на гумите била потребна и Pirelli не го направиле тоа за да им помогнат на Mercedes.

Многумина во Формула 1, помеѓу кои беше и Хелмут Марко од Red Bull Racing, ги обвинија Pirelli дека подлегнале под притисоците нa Mercedes за да направат промена во компонентите која ќе го фаворизира шампионскиот тим. Промената на дебелината на работниот слој на гумите резултираше со доминцација на Mercedes, по што реагираше и Фетел.

Но по вчерашниот тест во Барселона, откако ги испроба стандардните и променетите гуми, возачот на Ferrari го промени своето мислење.

Доколку ги користевме стандардните гуми, ќе беше уште полошо. Тие пукаат многу лесно и ќе предизвикаа многу сериозни проблеми. Pirelli беа во право што ја намалија дебелината на работниот слој на гумите.” – заклучи Фетел.

“Проблемот беше во тоа што ние не успеавме да го извлечеме максимумот од нив и тоа е по наша вина а не на Pirelli. Веќе имаме неколку идеи кои што ќе треба да ги спроведеме во пракса.” – додаде тој.

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *