Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / Филип Василевски после Кичево 2: „Се надевам дека борбата со Георгиевски беше добра забава на публиката“

Филип Василевски после Кичево 2: „Се надевам дека борбата со Георгиевски беше добра забава на публиката“

Кога станува збор за квалитетна борба за позиција, веднаш на ум ни доаѓа борбата во класата Југо.

Класата Југо стартуваше со шест натпреварувачи, од кои само Димитриј Кимовски не се бодуваше бидејќи оваа година поседува Српска лиценца, но тоа не значеше дека не е заинтересиран за првата позиција.

Сепак, на неколку кругови од трката Кимовски се здоби со проблеми со менувачот и мораше да се откаже од борбата за највисок пласман на трката. После тоа токму Василевски се најде на лидерската позиција пред Наков, Георгиевски, Попевски и младиот Михаил Делев на кого ова му беше деби настап како најмлад учесник на трки досега во Македонскиот шампионат на кружни патеки…

Василевски кратко ја држеше првата позиција, со тоа што Наков успеа да го пројде Василевски за првата позиција, да направи предност и да остане до целта како лидер, освојувајќи победа во оваа класа. Исто така, Василевски и Георгиевски со нивната борба за втората позиција ја импресионираа публиката, а со тоа докажаа дека возбудата во оваа класа е најголема.

Василевски ја освои втората позиција, додека Георгиевски се искачи на последната позиција на подиумот, а како четврти и петти пристигнаа Попевски и Делев.

Ова беа импресиите на Василевски од тркачкиот викенд:

„Прекрасна трка. Се на се прекрасен викенд. На првиот тренинг во саботата имавме проблеми со течење на масло од моторот, не знаевме од каде точно. Мислеве дека го средивме проблемот за вториот тренинг но повторно се јави истиот проблем, поради кој масло течеше на предната десна гума после. Предната десна гума е најважна за оваа трка па затоа немав добар грип на патеката и останав позади Сашко, ако го исклучиме Кимовски кој возеше со Српска лиценца и не се бодуваше на оваа трка.

На трката тргнав како трети, но Кимовски малку потфрли на стартот со што го закочи Сашко, а јас и Наков веднаш влеговме во борба. Кимовски не држеше 3-4 кругови позади него, виде дека сме брзи и дека бараме начин како да го пројдеме, а исто така спомна дека имал проблем со менувачот. Кај капијата виде дека влегувам од внатрешна страна и не пушти сите тројца фер и коректно, бидејќи на оваа трка возеше како гостин.

После тоа издржав неколку кругови пред мојот клупски колега Георгиј Наков, но можеше да се види дека неговиот мотор имаше повеќе сила од мојот, на правците многу ме стигнуваше, па затоа го пуштив да оди напред, а јас и Сашко останавме да се тркаме позади. Со Сашко имавме фер и чиста борба до 12-13-от круг кога мојот автомобил почна да трокира во леви свиоци, како да остануваше без бензин…


На кратко се одлепив од Сашко и помислив дека ќе го бркам Наков, но почна да трокира автомобилот, а со тоа и доста се успорив, што значеше дека борбата за прва позиција ми избега. Го затворив Сашко неколку пати, онака спортски со менување на правец, видов дека потоа автомобилот пак јавува проблеми и се тргнав на левата страна да го пропуштам.

Тој помисли дека затварам па затоа влезе во заветрина позади мене. При крајот на правецот најверојатно му дојде бензин на моторот и решив да се помачам уште два круга и да ја задржам втората позиција. Дадов се од себе и успеав да завршам на втората позиција, но се надевам дека на публиката и пруживме доста добра забава.

Голема благодарност имам да искажам до сите што ме поддржаа, помогнаа и застанаа позади мене за оваа трка: СЕРВИС БОРЧЕ, МАЈСТОР НИКОЛА „ЗУС“, AIR COOL – Cooling & Heating, како и огромно благодарам до Никола Несторовски „Ниџо“ кој неуморно е секогаш со мене на секоја трка како механичар и ми помага во неверојатни ситуации.“ – изјави Василевски.

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *