Friday , September 18 2020
Home / Latest Articles / Фиќото на Ачимиќ во пламен на вториот слободен тренинг и во Котор…

Фиќото на Ачимиќ во пламен на вториот слободен тренинг и во Котор…

Денес на вториот тренинг по повод ридската трка во Котор, бевме сведоци на уште една хаварија поради иста причина од Ловќен која го зафати Фиќото на ветеранот Тихомир Ачимиќ

Имено истиот дефект, пукање на црево за масло беше проблемот поради кој неговиот автомобил се запали и на ридската трка Ловќен минатата година.

Ачимиќ на првиот тренинг имаше завидно време од 2:31.586 што беше доволно за 12-та позиција во генерален пласман од 80 автомобили, но во вториот тренинг во вториот дел на патеката повторно како на Ловќен, пукна цревото за довод на масло на неговиот прототип Фиќо со мотор од моторцикл од 1100 кубни сантиметри, при што автомобилот се запали.

За среќа Ачимиќ излезе на време од автомобилот и не се здоби со никакви повреди, но автомобилот имаше видна штета, додека пожарната служба доста брзо ја заврши работата, во спротивно автомобилот ќе беше целосно уништен.

За информација, развојот и изработката на овој проект траеше цели пет години…

Check Also

WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

Ултра блиската борба за пол позиција со Јан Ерлахер му донесе на Натанаел Бертон прва …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *