Monday , March 30 2020
Home / Latest Articles / Формиран е Европски ендуранс шампионат за TCR автомобилите со DSG менувачи

Формиран е Европски ендуранс шампионат за TCR автомобилите со DSG менувачи

Движечката сила позади TCR концептот WSC Group Ltd, најави нова Европска ендуранс серија за TCR автомобилите со DSG менувач.

TCR Europe Series Ltd е задолжен за организација и водење на серијата која се состои од 12 часовни трки разделени во шест викенди.

Новоформираната серија располага со титули за возачи, почетници, дами, тимови и модел на годината.

Во минатото, Volkswagen, Audi и Cupra произведоа TCR автомобили со DSG менувачи, па затоа претседателот на WSC Марчело Лоти разговараше со претставниците на овие три брендови, кои се сложија со идејата за заеднички шампионат во издржливост.

Вака изгледа календарот за 2020 година:

28/29 Март – Мугело
30 април/2 Мај – Спа-Франкоршамп
20/21 Јуни – Мизано
11/12 Јули – Имола
12/13 Септември – Брно
7/8 Ноември – Барселона

Check Also

Агрегати што „вртат“ до 20.000 вртежи (ВИДЕО)

Во светот на атмосферските агрегати единствен начин да ја подигнете силата на вашиот автомобил или …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *