Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Формула 1 веќе има решение за проблемите со претекнувањето!

F1: Формула 1 веќе има решение за проблемите со претекнувањето!

Рос Браун вели дека Формула 1 веќе успеала да направи голем прогрес во изнаоѓањето на решението за проблемите со претекнувањето.

Откако ја прифати новата работа како шеф на Формула 1, Рос Браун ангажираше група од експерти за да и помогнат на ФИА при обликувањето на новите правила во спортот, кои што ќе стапат на сила од 2021 година.

Главниот проблем во Формула 1 е претекнувањето, кој што посебно се зголеми по претставувањето на последната промена на правилата на почетокот на минатата сезона. Со зголемувањето на потисната сила на болидите, стана многу потешко да се вози позади друг болид поради “нечистиот” воздух што го генерира болидот што води. Поради тоа, многу е тешко да се доближи болидот што напаѓа и да изведе напад. Сепак, Браун вели дека постои решение за овој проблем:

“Еден од проблемите на кој што почнавме да работиме уште пред 9 месеци е оној со претекнувањето, да најдеме начин како да го подобриме тркањето. Мораме да ги задржиме аеродинамичките перформанси на високо ниво, но мораме да најдеме начин тоа да нема влијание на болидите позади.”

“Во овој момент има аеро-поле околу секој болид, буквално како да се наоѓа во меур и болидите кои што напаѓаат не можат да влезат во него. Кога одреден болид ќе се доближи на разлика од 2 до 1.5 секунди, веднаш ги губи своите перформанси и не може да се доближи повеќе. Затоа веднаш започнавме да работиме на овој проблем и навистина сум возбуден од она што го постигнавме досега.”

“Една од главните причини за овој проблем е предното крило. Предното крило на нападнатиот болид генерира “нечист” воздух, кој што создава проблеми на предното крило на напаѓачот. Но тоа не е единствената причина за овој проблем. Исто така одредени аеро-делови на страната и на задниот дел, како и подот на болидот имаат влијание во создавањето на овој проблем.”

И покрај тоа што овој проблем ќе биде целосно решен со новите правила кои ќе стапат во сила од сезоната 2021-ва, Браун вели дека ќе бидат направени одредени промени веќе од следната сезона за што побрзо да се подобрат условите за претекнување.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *