Sunday , January 21 2018
Home / Latest Articles / Ф1 размислува за промена на стартниот формат на трките

Ф1 размислува за промена на стартниот формат на трките

Пат Симондс вели дека шефовите на Формула 1 размислуваат за промена на поставеноста на болидите на стартната линија.

Пат Симондс, поранешниот технички директор на Williams кој што стана дел од управата на спортот по превземањето од страна на Либерти Медиа, вели дека постои можност за промена на стартниот формат на трките со цел да се направат повозбудливи:

“Ќе ја употребиме виртуелната реалност за да ја тестираме ефикасноста на планираните промени. Сегашната поставеност на болидите на старотот дава многу мала можност за возбудлив старт, најбрзите болиди се напреди и останатите се формациски поредени позади нив со преголема раздалеченост еден од друг. Во минатото не беше така. Некои трки како онаа во Монца започнуваа со 4 болиди во првиот ред.” – изјави Симондс

“Што ќе се случи доколку повторно го направиме истото? Тоа е работа што не е толку едноставно да се симулира. Мораме да пробаме во пракса и тоа не мора да биде цела трка, само првите три круга. Тогаш ќе видиме што ќе се случи. Дали првиот круг ќе биде повозбудлив или ќе видиме еден голем судир во свиокот број 1? Доколку се покаже како ефикасно, ќе можеме да го употребуваме на секоја трка.” – додаде тој.

Check Also

Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Во следново видео ќе видите навистина интересна споредба помеѓу сите досегашни Honda Civic Type R. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *