Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / Ф1: Техничкиот директор на Alfa Romeo Sauber доби отказ

Ф1: Техничкиот директор на Alfa Romeo Sauber доби отказ

После 18 месеци соработка, техничкиот дитектор на Alfa Romeo Sauber, Јорг Зандер, си заминува од швајцарскиот тим.

Заминувањето на Зандер од Alfa Romeo Sauber дојде како големо изненадување бидејќи се случи само еден ден откако со 6-тото место на уличната трка во Баку, нивниот возач Чарлс Леклерк го постигна најдобриот резултат на тимот по Руското Гранд При во 2015 година.

Во официјалното известување од овој тим се вели дека заминувањето на Зандер од Alfa Romeo Sauber веднаш стапува на сила, но не е наведена никаква причина за тоа. 54-годишниот техничар предходно има работено во повеќе тимови: BAR, Honda, Mercedes и Williams, откако влезе во овој спорт преку Sauber во 2006-тата.

Сеуште не е назначена негова замена и немаме никакви информации дали ќе се случи тоа до следниот Гранд При викенд во Шпанија, кој што ќе започне за 10-тина дена.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *