Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / F1: Хамилтон стравува од многу брз Ferrari на следната трка во Бахреин
25.03.2018 - Race, Sebastian Vettel (GER) Scuderia Ferrari SF71H and Lewis Hamilton (GBR) Mercedes AMG F1 W09

F1: Хамилтон стравува од многу брз Ferrari на следната трка во Бахреин

По поразот на Австралиското Гранд При, Луис Хамилтон стравува дека неговите ривали од Ferrari ќе бидат уште побрзи на следната трка во Бахреин.

И покрај тоа што Mercedes беа побрзи на првиот Гранд При викенд во Австралија и Фетел успеа да стигне до победата благодарение на стратегијата и околностите на патеката, Хамилтон предвидува многу блиска битка на следната трка во Бахреин.

Ќе имаме издигнувања и падови во текот на целата сезона. Ferrari се навистина брзи на долгите правци. Мислам дека имаат подобри перформанси од она што го видовме во Австралија. Тие ќе бидат многу брзи на следната трка во Бахреин.” – изјави актуелниот Ф1 шампион.

Тие секогаш се многу добри на жешки патеки – и покрај тоа што трката во Бахреин е ноќна, многу е напорна за гумите. Со сигурност можам да ви кажам дека ќе биде многу тешка трка и ќе имаме многу блиска битка со Ferrari.” – додаде тој.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *