Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / Хипер перверзијата на Pagani, наречена Imola

Хипер перверзијата на Pagani, наречена Imola

Италијанскиот специјалист за хипер автомобили Pagani, го најави новиот модел кој ќе се изработува во само 5 примероци.

Новиот модел Imola, излегуваше во јавноста во последните неколку месеци. Еден автомобил беше испорачан во Лос Анџелес минатата година, а исто така еден и во Европа. Третиот автомобил е во изработка, а гласините кои се вртат прецизираат дека третиот автомобил ќе оди во Јужна Африка.

Бројка од пет автомобили се закажани и веќе продадени, а од Pagani чекаа до сега за да го претстават моделот Imola во јавноста. Pagani тврди дека Imola моделот поминал 16.000 километри на тркачка патека во текот на неговиот развој.

Imola продолжува да го користи AMG V12 агрегатот. Тој располага со 827КС и 1.100Њм вртежен момент, кој преку 7-степениот Xtrac менувач со електро-механички диференцијал силата ја префрла на задните тркала, а тежината е зголемена за 28 килограми поради дополнителните аеродинамички компоненти.

Pagani ја редуцираа висината за да го зголемат потисокот, искористувајќи го рамниот под. Кога сме кај суспензијата, овој модел располага со електронски контролирани амортизери кои ги подобруваат перформансите на овој хипер автопмобил.

Монокок шасијата користи Carbo-Titanium HP62 G2 и Carbo-Triax HP62 конструкција, идентично како кај Huayra BC моделите. Кога сме кај редукција на тежината од Pagani додадоа нов систем на фарбање на автомобилот Acquarello Light кој ја намали тежината за 5 килограми. Исто така, Imola користи 770 ковани или CNC изработени делови.

Imola продолжува со бруталниот аеродинамички дизајн. Агресивниот преден сплитер се совпаѓа со огромниот заден дифузер, додека задниот спојлер му дава естетски дизајн, но најдраматичниот додаток е карбонскиот усисник за воздух кој е сместен над задниот дел на автомобилот…

Со два збора, Хипер Перверзија…

Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *