Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / Хрватскиот шампионат на ридски патеки, стартува на 20-21 јуни во прекрасниот Скрадин

Хрватскиот шампионат на ридски патеки, стартува на 20-21 јуни во прекрасниот Скрадин

Иако на почеток се шпекулираше дека трката е откажана, сепак трката беше само одложена

Во организација на АК Миховил од Шибеник, викендот на 20 и 21 јуни по 14ти пат ќе се вози познатата ридска трка Скрадин, над Шибеник во Хрватска.

Спектакуларната местоположба кај националниот парк Крка секоја година привлекува голем број на натпреварувачи и публика. На 3400 метарската патека рекордот од 1:40.689 го држи минатогодишниот шампион во генерален пласман Дејан Димитријевиќ со автомобил Seat Leon R32T

Како изненадување, на трката ќе настапат шест автомобили Toyota Yaris 1.5 VVTie TYC Edition кои се дел од Toyota Yaris Challenge Cup-от.

Иако одложена, трката не беше откажана, а за продолжување на организацијата вчера беше одржан состанок во клубот Миховил каде се расправаше за понатамошниот тек на настаните.

За повеќе детали разговаравме со секретарот на АК Миховил, Влатко Микуландра:

„АК Миховил оваа година по 14-ти пат ја организира оваа ридска трка наречена НАГРАДА НА ГРАД СКРАДИН, трка која требаше да се одржи на 15/16.05, но поради пандемијата беше одложена, при што беше презакажана за 20/21.06. Оваа трка воедно е прва трка за првенството на Хрватска која исто така се бодува за регион Далмација и Историски возила. Требаше да се бодува и за шампионатот на БиХ како последните осум години, но добив известување од нивниот сојуз дека рокот им е прекраток бидејќи датумот е седум дена после трката во Бања Лука.

Поради таа причина нивните возачи нема да настапат, поточно нивниот шампионат оваа година нема да биде дел од трката во Скрадин. БиХ возачите беа видно разочарани поради нивното недоаѓање бидејќи ова им е најдрага трка во првенството. Покрај се, прославениот БиХ возач Бакир Хаџиќ ќе дојде да вози оваа година, како што беше дел од оваа трка и во последните осум изданија. Исто така учеството го потврдија околу девет возачи од БиХ иако нема да се бодува за нивниот шампионат, па по тоа можете да видите колку ја сакаат оваа трка.

Од Словенија добив потврда и од Грегор Воук кој ќе вози со Subaru Impreza во класата E1, како и Сања Смрдељ и нејзиниот татко Маријан Смрдељ (формула). На оваа трка од секогаш сме имале од 100 до 120 возачи, со што сме веднаш после Бузет во посетеност. Патеката е долга 3400 метри со старт кај Скрадинскиот мост на самиот влез на Националниот Парк Крка. Паркот на возачите е на самата обала од морето, а во него може да собере 200 возачи од кои 70% ќе бидат во сенка.

Од 3400 метри, 3000 метри има двојна банкина поради формулите, додека останатите 400 метри се правецот пред целта каде што не се потребни двојни банкини. Исто така, на целата подлога е послан микроасфалт, а воедно оваа патека е најсигурна во Европа, со што Вие како новинар од БрзКруг сте биле на многу патеки и можете да дадете Ваш коментар.

Овој пат очекуваме околу 80-тина возачи, но без публика поради пандемијата на COVID19, а така ќе биде и следните неколку трки доколку ситуацијата остане иста. Информации околу пријавите можете да добиете на телефон: +385951881738 и преку официјалниот e-mail на клубот [email protected]

Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *