Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / Христијан Станковиќ со две титули во српскиот шампионат во мотокрос

Христијан Станковиќ со две титули во српскиот шампионат во мотокрос

Како што изгледа се поголем број на македонски натпреварувачи земаат учество во околните држави бидејќи во нашава држава не функционира ниту автомобилизам ниту мотоциклизам…

Штета е што во повеќе категории на натпреварувања имаме шампиони, а во нашата држава немаме шампионат. Покрај Игор Спиров, Слободан Ивчески (брзински мотоциклизам), Петар Богатиновски (картинг), Виктор Давидовски, Ристо Вуков, Мартин Делев (автомобилизам), на мотокрос сцената во Србија се појави и Христијан Станковиќ кој од прогласувањето во Белград си дојде со две титули, шампионска во МХ2 јуниори и вице-шампионска во МХ2 категоријата.

„Тука во Македонија немаше најава за организирање на трки, што и се случи, па морав некаде да се натреварувам и го одбрав Српскиот шампионат. Сакам да се натпреварвам, а со тоа и да напредувам, бидејќи без трки, само со тренинзи, без разлика какви се тие, нема напредок. Имав осум трки во Србија на патеките кај Хоргош, на два пати кај Чачак, Крушевац, Бачка Топола, Товаришево…

Во Српскиот шампионат во мото-крос во оваа класа има 4-5 возачи кои сме на ист квалитет и на секоја трка се боревме во вистински смисол на зборот, па така од трка во трка се подобрував. Инаку во оваа класа возеа 17 возачи, а јас настапував за екипата на Мотостарс од Битола и сега и официјално сум шампион во МХ2 јуниори и вице-шампион во МХ2 категорија.“ изјави Станковиќ за bitolanews.mk

Во 2018 година оваа млада надеж на македонскиот мотокрос ќе продолжи со натпреварување во новиот клуб Ендуро Тим Скопје, но плановите ќе ги објави наскоро.

БрзКруг му честита за достигнувањата минатата година и му посакува континуитет во победи и уште една титула оваа сезона.

П.С. Maкедонија има спортски квалитети, но слепа е за спортови без топка…

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *