Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / ЦЕЗ: И покрај проблемите, Миловановиќ со втора позиција на Брно

ЦЕЗ: И покрај проблемите, Миловановиќ со втора позиција на Брно

Немања Миловановиќ оваа недела настапува во Централноевропската зона на кружни патеки на патеката Брно во Чешка Република.

На Гробник тој возеше во рамките на ТЦР Источна Европа, додека за ЦЕЗ трката во Словачка не успеа да пристигне поради коронавирусот и забраната за влез на жители од кризните држави во оваа земја.

Но на Брно пристигна расположен за трка. Иако неговиот викенд започна катастрофално со откажување на кумплунгот на неговата Cupra, како што стоеше во изјавата тој имаше и проблеми со подесувањето на автомобилот на квалификациите во кои извози неколку катастрофални кругови во кои автомобилот му проклизуваше без контрола.

Но сепак ја поведе трката и водеше до два свиока пред крајот кога немилсрдниот асфалт на Брно си го направи своето. Тој мораше да се откаже од првата позиција поради потрошените гуми, а за да не експлодираат мораше да го намали темпото и да се помири со втората позиција на подиумот.

„ОГРОМНО благодарам за мојот тим и моите механичари. Успеавме да набавиме цел сет кумплунг, само така можеше да се спаси овој викенд. Среќен сум поради тоа што успеав да завршам на втората позиција, но нервозен сум бидејќи морав да ја предадам првата. Измешани емоции. Сепак утре стартуваме со малку поразлично подесување како би можел оптимално да ги искористам гумите до крајот на трката.“ – изјави Миловановиќ за БрзКруг.

Неделната трка е е со старт во 13:00 часот на јутјуб каналот на Креатор ТВ.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *