Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / Црна Гора без случаи на COVID19, првата трка ќе се одржи на 6-7 јуни

Црна Гора без случаи на COVID19, првата трка ќе се одржи на 6-7 јуни

Црна Гора ќе биде првата земја на балканов, а можеби и пошироко каде ќе се одржи автомобилска трка после пандемијата на COVID19.

Како што гледаме според изјавите на медиумите, Црна Гора нема веќе заболени од COVID19, а рестораните и кафулињата веќе се отворени за гости.

Како резултат на ова, Авто Мото Спортскиот Клуб „Поди“ од Херцег Нови најави почеток на Црногорскиот шампионат во автомобилизам на ридски патеки со трката БАТ ПОДИ Херцег Нови и тоа на 6 и 7 јуни. За повеќе информации, очекуваме дојава од организаторот во блиска иднина.

Иако ова не се очекуваше, ситуацијата со пандемијата во Црна Гора е веќе средена, со тоа што угостителските објекти започнаа да функционираат, додека Црна Гора исто така ги повикува и туристите да започнат да се подготвуваат за нивните летни одмори.

Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *