Wednesday , July 18 2018
Home / Latest Articles / Четворица Македонци на Ушче овој викенд!

Четворица Македонци на Ушче овој викенд!

Белград овој викенд е домаќин на четвртата рунда од шампионатот на кружни патеки

По тој повод на легендарната градска патека Ушче ќе настапат четири македонски возачи и тоа: Виктор Давидовски, Димитриј Кимовски и Ристо Вуков во класата Југо Хибрид, додека Мартин Делев ќе настапи во класата 1400N со неговиот автомобил Peugeot 106.

За сабота закажани се техничи преглед, верификација и квалификации кои треба да започнат точно на пладне, додека во недела, трката стартува исто така во 12:00 часот. Временската прогноза кажува дека во сабота се очекува слаб дожд, додека во недела сончевото време треба да доминира.

Но да се потсетиме на последната кружна трка која се одржа во Нови Сад, на познатата градска патека Мишелук. Виктор Давидовски после освоената трета позиција на квалификациите успеа да триумфира после спектакуларното излетување и оштетување на автомобилот уште во вториот круг, а Вуков дојде до 5-тата позиција после стартот од 11-тата. Мартин Делев се скраси со последна позиција на подиумот, но не беше задоволен бидејќи автомобилот ја немаше потребната брзина. Но после враќањето неговиот тим го среди автомобилот и овој пат очекуваме сериозна борба за уште поголема позиција. Димитриј Кимовски ни изјави дека конечно го подготвил неговиот автомобил како што треба, па останува да видиме што тоа измислил неговиот тјунер Жељко Писариќ…

Нашиот портал и овој пат ќе ве известува од местото на настанот, а вие драги читатели држете им среќа на нашите возачи!

Среќно момци!

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *