Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / Шампионски титули за Кимовски и Вуков во отворениот шампионат на Србија

Шампионски титули за Кимовски и Вуков во отворениот шампионат на Србија

Со кружната трка на градската патека на легендарното Ушќе во Белград, заврши отворениот шампионат на Србија во автомобилизам на кружни патеки

На оваа трка учествуваа двајца наши натпреварувачи кои се вратија со титули после напорната сезона. Димитриј Кимовски заврши како победник на Ушќе, а исто така дојде до шампионска титула во отворениот шампионат на Србија со автомобил Honda Civic Type-R во класата Е1-2000.

Ристо Вуков исто така се враќа со титула дома, откако третата позиција на која што заврши на неделната трка му беше доволна да ја обезбеди истата. После оваа титула, Вуков најави дека ова е последна трка за него во овој шампионат и дека продолжува понатаму.

Нивните импресии ќе ви ги пренесеме во следна објава, во форма на интервју. БрзКруг им честита на новите шампиони и им посакува успеси понатаму.

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *