Monday , August 19 2019
Home / Uncategorized / Шумахер најбрз на првиот претсезонски Формула 3 тест

Шумахер најбрз на првиот претсезонски Формула 3 тест

Мик Шумахер, синот на 7-кратниот Ф1 шампион Михаел, беше најбрз на првиот ден од Европскиот Формула 3 тест.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер успеа да извози најБРЗ КРУГ на првиот ден од претсезонското тестирање во Европскиот Формула 3 шампионат на патеката Хунгароринг. Младиот Шумахер успеа да го извози својот најБРЗ КРУГ уште во првиот час од тестирањата и не беше надминат до крајот на денот од останатите 22-ца конкуренти во овој шампионат.

Младиот Германец, кој што минатата година успеа еднаш да се искачи на подиумот во прва сезона во Ф3 шампионатот, беше за 0.044 секунди побрз од својот најблизок конкурент Алекс Палоу. Во текот на оваа сезона, Мик ќе се натпреварува со Prema Powerteam, тимот за кој што возеше и минатата сезона.

Тестот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, а следното Ф3 тестирање е закажано за следната недела на патеката Ред Бул Ринг.

Check Also

Hyundai i30 N постави нов TCR рекорд на Нордшлајфе!

Автомобилот Hyundai i30 N се скраси со титула најбрз TCR автомобил на озлогласената тркачка патека …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *