Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Џон Филипи е првиот возач со SEAT во WTCR

Џон Филипи е првиот возач со SEAT во WTCR

SEAT Leon TCR ребрендиран во Cupra влегува во WTCR

Џон Филипи за кого ова ќе биде петта Светска туринг кампања, се враќа со Campos Racing во светскиот туринг куп во 2018 после една година помината со Sebastien Loeb Racing.

23-годишниот Корзиканец е првиот возач во Светскиот туринг куп кој влегува позади волан на Cupra TCR, автомобил кој претставува наследник на SEAT Leon TCR.

Филипи кој беше одбран од Себастиен Леб за неговиот тим во Светскиот туринг шампионат (WTCC), има освоено две четврти места минатата година позади воланот на Citroen C-Elysée WTCC, а оваа година ќе се натпреварува со најновиот модел на Cupra TCR за Campos Racing, тимот за кого настапуваше во 2014, 2015 и 2016 година.

„Пресреќен сум што повторно се враќам во Campos Racing. Тие ме контактираа при крајот на 2017 сезона за да ми објаснат како ќе течат работите и дефинитивно знаат како да склопат проект кој ветува добри резултати во иднина.

Со нетрпение очекувам да влезам во автомобилот за првите кругови. Да се учествува во овој куп оваа година веројатно е најголемиот предизвик во мојата кариера, но исто така е и логички продолжеток на мојата досегашна кариера.“ – изјави Филипи.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *