Wednesday , June 3 2020
Home / Latest Articles / 10 совети за возење мотор на долги релации

10 совети за возење мотор на долги релации

Автор: Ивица Пренџов (Cross Bearers)

Знајте ги вашите граници и испланирајте го патувањето околу нив

Ако најдолгото возење што го имате извозено во еден ден е 300км, не планирајте патување каде што треба повеќе денови да извозите по 500 км. Искуството покажува дека при патувања од повеќе денови, првите ден/два го имаат врвот на километража, а потоа, просечната дневна километража постепено ќе се спушти. Некое непишано правило е дека после една недела возење, типичниот возач на долги патеки удобно ќе вози околу 65% од просечната дневна километража. Исто така, добра практика е да имате во предвид и скратена рута, ова ќе ви послужи како план Б, доколку се прецените со километрите кои можете да ги поминете. Ова е најбезболен начин да прескокнете дел од вашето патување без да го уништите остатокот од истото. Значи без разлика дали можете да извозите 300 или 1.000 километри, како се зголемува должината на патувањето, овие километри се намалуваат.

Заборавете на високи брзини

Високите брзини и возењето на долги патеки немаат ништо заедничко. Стабилен возач може да вози повеќе километри, да ужива во се она што се случува околу него, вешто да се искачува низ планинските превои. Нешто што не би можел да го направи, доколку е премногу зафатен да се бори со својот мотоцикл низ ветрот.

Оставете ги вашите стимуланси и кафе дома

Ова е едноставно, доколку моторот не ви е доволен стимуланс и ви треба нешто плус за да го осетите жарот на автопатот. Не го планирајте воопшто ова патување. Ако треба да бидете под кофеин за да бидете будни, можеби треба добро да се одморите пред да го запалите моторот.

Подгответе го вашиот мотор за патување

Зошто да си правите дополнителни нервози за време на вашето патување со посета на механичари. Подготовките на вашиот мотор треба да започнат барем две недели пред патувањето, проверете го вашиот мотор. Доколку сакате да му направите некои модификации на вашиот мотор, никогаш не ги правете точно пред патувањето. Дајте си време да ги испробате сите нови додатоци и модификации пред да излезете на автопат.

Пакувајте мудро, чувајте ги неопходните работи при рака

Додека многу возачи користат торба за на резервоар, она што го пакуваат во нив не е секогаш добро осмислено. Крема за сонце, лосиони за кожа, средства за чистење на визир, батериска ламба, мерач на гуми, мапи и други основни работи треба да се чуваат на дофат на рака. Ако овие работи не ви се при рака кога ви се потребни, нема да ги користите. Тоа може да доведе до скапи грешки, како промашување на патот затоа што не сакавте да ја пронајдете картата или да си го изгорите лицето, а потоа да се соочите со болни црвенила (дали можете да замислите како е да носите подкапа и кацига врз изгорено лице, затоа спакувај крема за сончање). Од друга страна, работите како документи за регистрација и осигурување треба да се чуваат во безбедна тесна површина на моторот, каде ништо неможе да се истури, ниту пак да испаднат при вадење на други предмети, преградата каде што ви стојат документите нека биде само за тоа, за документите.

Бидете секогаш подготвени

Кога го планирате патувањето, направете си листа на работи што ќе ги носите, оваа листа треба да вклучува од облека, работи за лична хигиена, до алат. Не е проблем доколку заборавите сапун или шампон, но доколку во брзањето заборавите да понесете џемпер или јакна, а возите низ планински предели, не верувам дека вашата прошетка ќе биде пријатна. Оваа листа ќе ви се најде и при секое повторно пакување и ќе се погрижи ништо да не заборавите.

Научете кога да запрете

Ако се чувствувате забавено и постојано мора да забрзувате, запрете. Ако ви е тешко да држите правец-Запрете. Ако возењето почнува да ви е напор – запрете. Се ова укажува на замор и затоа само запрете.

Добро планирајте ги паузите

Добро испланирано патување значи да не останете без бензин и да не возите гладни. Затоа кога ја планирате рутата, добро испланирајте ги паузите за храна и за полнење гориво. Полнете гориво пред да ви треба, и јадете пред да огладнете.

Останете хидрирани!

Вашиот мотор има мерач на гориво, за жал, вашето тело нема мерач на хидратација – моментот кога ќе почуствувате жед, веќе сте на патот кон дехидрација. Недостатокот на вода влијае на менталните и физичките перформанси. Без разлика дали сте жедни или не, пијте вода редовно – дури и при ладно време. Иако можеби изгледа екстремно, препорачуваме за време на долгите патувања, да се откажете од локалната вода од чешма и да користите прочистена флаширана вода. Промените во снабдувањето со вода може да доведат до нарушување на желудникот и дијареја. Затоа во задолжителна опрема, вклучете и шише вода.

Носете мини аптека со вас

Бидете подготвени, носете витамини, електорлити, пробиотици итн. Побарајте совет од вашиот лекар, што треба да вклучува вашата мини аптека.

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *