Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / WRC: M-Sport WRT ја претставија новата Ford Fiesta Rally3

WRC: M-Sport WRT ја претставија новата Ford Fiesta Rally3

Британскиот рели тим M-Sport го претставија новиот рели автомобил Fiesta Rally3, што значи дека со овој автомобил тие изработуваат автомобили за сите класи во Светскиот рели шампионат.

Дизајниран и изработен во Полска, нарачките за четири погонскиот супермини автомобил ќе бидат отворени во понеделник, а ќе чини околу 90.000 евра без данок.

Изработката веќе започна за првите примероци од автомобилот кој располага со 1.5 литарски 3-цилиндричен EcoBoost агрегат, истиот кој се користи во уличниот ST модел.

Туниран да вади 215КС и 400Њм вртежен момен, силата ја пренесува на сите четири тркала преку 5-степен секвенцијален менувач.

Кога станува збор за суспензијата, автомобилот ќе се потпре на тросмерни штелувачки амортизери напред и назад, додека 15 инчни тркала се планирани за на макадамски релија, а 17 инчни се резервирани за асфалтни релија.

Забележан како достапен прв чекор за млади возачи, овој автомобил може да забрза од 0 до 100км/ч за околу пет секунди, додека максималната брзина му изнесува 185км/ч. Моментално се работи на хомологацијата на автомобилот и се очекува да биде завршена до почетокот на 2021 сезона.

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *