Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / 14 стартна позиција за Вуков на Мизано, првата трка стартува вечерва од 22:00 часот

14 стартна позиција за Вуков на Мизано, првата трка стартува вечерва од 22:00 часот

Вечерва, ноќна трка во Италијанскиот Порше Карера куп

Македонскиот натпреварувач Ристо Вуков ќе стартува од 14-тата стартна позиција на гридот од 23 автомобили, после напорните квалификации во кои гужвата на патеката беше најголем проблем.

Времето од 1:37.297 постигнато од Вуков не беше доволно за да влезе во вториот дел од квалификациите, па затоа остана неговиот резултат од првиот дел, додека освојувачот на пол позицијата Џанмарко Каресмини имаше неверојатно брзо време од 1:34.882 кое воедно претставува рекорд на патеката за ова натпреварување.

Од Вуков очекуваме многу подобро темпо, бидејќи видовме дека може да се држи со најбрзите десет возачи на минатата трка на патеката Муџело, па затоа очекуваме подобар пласман овој викенд.

Џанмарко Каресими ја освои пол позицијата, додека веднаш до него ќе стартува Стефано Монако од Дајнамик Моторспорт кој заостана на квалификациите позади Каресмини за 0.373 секунди.

Од третата позиција ќе стартува Давид Фуманели, пред Алберто Черки и Симоне Лакинта. Фестанте стартува шести, Лаурини седми, додека Балдан, Мардини и Скарас ќе стартуваат од осмата, деветтата и десеттата позиција.

Стартот на првата трка е од 22 вечерва, додека втората трка е закажана за утре (недела) од 12:50 часот. Директен пренос ќе можете да проследите на МРТ 3.

Check Also

Стартува Британскиот туринг шампионат, Донингтон Парк, Брендс Хеч и Олтон Парк без публика

Донингтон Парк овој викенд за старт на сезоната, потврдено е дека публиката нема да може …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *