Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / 15 и 11 позиција за Вуков на Муџело

15 и 11 позиција за Вуков на Муџело

Изминатиот викенд на патеката Муџело се одржа петтата и претпоследна рунда од Италијанскиот Porsche Carrera Cup каде вози Македонскиот натпреварувач Ристо Вуков.

После стартот од 13-тата позиција освоена на квалификациите, заврши како 15 во првата трка во која се соочи со проблеми и посетување на боксот. Тој успеа да дојде до 10-тата позиција во текот на трката, но проблемите не му дозволија да помине без нервози.

Во текот на трката повеќе пати излегуваше безбедносниот автомобил, со тоа што дождот и влажната патека ги зголемија проблемите на возачите.

Додека во втората трка Вуков успеа да дојде до 11-тата позиција на крајот од трката која исто како и во саботата се возеше на влажна патека.

Вуков после добриот старт дојде и до 10-тата позиција, но во текот на трката падна и до 13-тата позиција за подоцна да заврши како 11-ти.

Следниот настап кој ќе биде и последен за оваа сезона, Вуков ќе го има на 7 и 8 ноември на патеката Монца.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *