Friday , September 18 2020
Home / Latest Articles / WTCC: Овој викенд, Светскиот туринг караван се сели на брзата Монца; од Honda не се баш расположени…

WTCC: Овој викенд, Светскиот туринг караван се сели на брзата Монца; од Honda не се баш расположени…

Како што веќе ве известивме, нашиот тим се наоѓа на патеката Монца овој викенд како дел од тимот на Игор Стефановски кој настапува во ETCC шампионатот, но заедно со Европскиот туринг куп во ист викенд се одржува и втората рунда од Светскиот шампионат на туристички автомобили (WTCC).

Светскиот шампионат се враќа на Монца после четири години овој викенд, а брзата Монца ќе биде се она што не беше Мароко пред три недели. Италијанската патека ќе биде домаќин на моменталната генерација на TC1 автомобили за прв пат овој викенд. Последниот пат во 2013 година двете трки беа победени од страна на Иван Милер, кој тогаш возеше приватен Chevrolet Cruze 1.6T, автомобил кој му овозможи на Милер четврта и последна титула во Светскиот туринг шампионат.

Но овој викенд возачот на Honda Тиаго Монтеиро води во генералниот пласман кај возачите. Многумина очекуваат дека тој ќе продолжи да води и после овој викенд бидејќи оваа патека е доста блиска на базата на JAS Motorsport, но иронично е тоа што на Honda автомобилите ова би им било најлоша патека.

„Пристигнавме на Монца на најдобра можна позиција, како водачи во шампионатот и со автомобил без дополнителна тежина. Но јас мислам дека ќе биде доста тежок викенд бидејќи оваа патека воопшто не им одговара на нашите автомобили, бидејќи во старт хечбек автомобил како Civic-от не е во предност во споредба со седан каросеријата на останатите автомобили за долгите правци на патеката. Јас мислам дека треба да бидеме задоволни со секој поен кој ќе го освоиме. Но тимот работеше неверојатно добро преку зимата за да го подобрат аеро пакетот како и на подобрување на моторот во најдобар досега.“ – изјави Монтеиро.

Додека од Honda се борат со проблемот, на Монца за прв пат ќе излезе тимот на Volvo. Шведскиот тим ги сокрија нивните времиња во предсезонскиот тест со возење без транспондери. Токму Иван Милер беше зад воланот на еден од автомобилите во неговата нова улога како развоен возач, а се очекува оваа патека да му одговара на моќниот 400КС автомобил. Но сепак од тимот на Volvo не им е сеедно во борбата со Citroen-те:

„Мораме да бидеме пред Honda автомобилите, но не смееме да ги заборавиме Citroen-ите бидејќи и тие ќе бидат доста брзи. Оваа патека на сите нас ни одговара повеќе од Маракеш и од Хунгароринг на приимер, па затоа мораме да успееме каде што сме силни. Моето сценарио овој викенд е 1-2-3 во главната трка.“ – изјави возачот на Volvo, Тед Бјорк.

Citroen ќе имаат четири автомобили, три од Sebastien Loeb Racing и еден од Münnich Motorsport за Роб Хаф кој имаше најбрзо време на сите сесии на официјалниот тест ден. Хаф го напушти Мароко разочаран бидејќи налета на проблеми во двете трки. Хаф минатата недела освои два подиуми на Спа Франкоршампс во Volkswagen Golf од Team WRT, додека овој пат повторно ќе биде дел од уште една трка на легендарна патека.

Првата акција на патеката почнува денес со двете 45-минутни тренинг сесии, пред квалификациите и MAC3 натпреварот кои ќе се одржат попладне. На првата трка ќе се возат 9 круга, со почеток во 12:45, додека втората трка ќе започне во 14:15 часот.

Check Also

WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

Ултра блиската борба за пол позиција со Јан Ерлахер му донесе на Натанаел Бертон прва …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *