Sunday , April 18 2021
Home / Latest Articles / Претставен е 2022 992 Porsche 911 GT3; 9000 вртежи во минута и под 7 минути на „Зелениот Пекол“

Претставен е 2022 992 Porsche 911 GT3; 9000 вртежи во минута и под 7 минути на „Зелениот Пекол“

Веќе подолго време се очекуваше, а после месеци тестирање пристигна. Дами и господа ова е 2022 992 Porsche 911 GT3.

Како и неговите претходници и оваа седма генерација на GT3 беше развиена во блиска соработка со Porsche Motorsport.

Но да започнеме. Сеуште е присутен атмосферскиот 4.0 литарски 6-цилиндричен боксер кој сега произведува 510КС. 992 GT ќе врти до 9000 вртежи во минута, а по видеата се гледа дека ќе продолжи да звучи сензационално.

Со максималната брзина од 320км/ч (318 со PDK менувач), дури и побрз е од 991 GT3 RS, а од 0 до 100км/ч забрзува за 3.4 секунди. Од Porsche исто така ќе го понудат овој модел и со 6-степен рачен менувач, за подобро возачко искуство.

Од компанијата велат дека аеродинамиката има бенефит од искуството стекнато од тркањето при што автомобилот располага со многу поголем потисок на асфалтот без да влијае на драг коефициентот.

Кога станува збор за перформанси, мануелното подесување на задниот спојлер и дифузерот значајно го зголемуваат аеродинамичкиот притисок во свиоци при голема брзина.

Ова прави значајна разлика која се рефлектира на времињата извозени по круг кои 992 GT3 ги постигна. 992 911 GT3 генерира приближно 50% повеќе притисок (даунфорс) од неговиот претходник, дури и при фабрички подесувања на спојлерите.

Најголемиот успех на Нордшлајфе беше 6:59.927 минути што беше за 17 секунди побрзо од неговиот претходник на целата 20.8 километарска патека. На пократката патека (20.6 км) развојниот возач Ларс Керн направи најбрзо време од 6:55.2 минути.

Овие времиња беа постигнати на агресивни Michelin Pilot Sport Cup 2 R гуми кои доаѓаат опционално со автомобилот.

Погледнете го онборд видеото од Нордшлајфе, местото кое важи за тест патека на сериски автомобили:

Check Also

TCR Europe: Душан Борковиќ се враќа во Европската TCR Серија

Српскиот автомобилски ас Душан Борковиќ ќе се врати на гридот во Европската TCR Серија оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *