Thursday , November 23 2017
Home / Latest Articles / Роб Хаф се враќа во Британскиот шампионат на туристички автомобили (BTCC)

Роб Хаф се враќа во Британскиот шампионат на туристички автомобили (BTCC)

Добро познатиот британски туринг возач кој моментално се натпреварува во Светскиот туринг шампионат WTCC, ќе се врати овој викенд во Британскиот шампионат на туринг автомобили на патеката Силвертоун каде ќе се вози претпоследната рунда од шампионатот.

Тој ќе го замени Том Чилтон кој вози паралелно и во Светскиот туринг шампионат, а овде ќе биде заменет поради опоравување од операција. Хаф ќе се најде позади воланот на Vauxhall Astra во тимот на Power Maxed Racing. WTCC шампионот од 2012-тата се натпреваруваше една сезона во домашниот шампионат и тоа во 2004-тата во која освои победи во две трки за SEAT Sport UK.

“Прекрасно е чувството што ќе возам повторно во домашниот шампионат и што ќе возам за фабричкиот тим Power Maxed Racing. Досега не сум возел автомобил со NGTC спецификации, но сум возел многу останати туринг автомобили TC1, S2000, Chinese, GT, TCR, па затоа мислам дека нема да имам проблеми да се вклопам, а исто така се надевам дека ќе постигнам добар резултат за тимот. Ова го правам поради Том со кого иако сме ривали во WTCC шампионатот, бидејќи има доверба во мене ме викна да го заменам, а тој ќе се врати на финалето на патеката Брендс Хеч. Одамна чекав прилика да возам во мојот домашен шампионат после 6 години и се надевам дека нема да ја разочарам мојата публика.” – изјави Хаф.

Check Also

McLaren 720S GT3 пристигнува во 2019

Репутацијата која ја поседува McLaren како неверојатно моќен супер автомобил кој може да се справи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *