Wednesday , June 3 2020
Home / Latest Articles / 300 часови работа се потребни за дигитализирање на TCR автомобил

300 часови работа се потребни за дигитализирање на TCR автомобил

Првата рунда од TCR Europe SIM Racing серијата ги откри виртуените верзии на тркачките TCR автомобили, а исто така изгледот ги импресионираше моторспорт инсајдерите и фановите поради деталите кои беа истакнати.

На првото претставување на овој шампионат Унгарскиот возач Норберт Наџ дојде до двојна победа, кој изјави дека е пресреќен поради постигнатото и не очекувал овакво нешто. Следната рунда е на патеката Ред Бул Ринг, додека потоа следат Хунгароринг, Пол Рикар, Золдер, Монца и Барселона, при што е формиран календар од седум рунди.

Но, во оваа објава ставаме фокус на момците кои се погрижиија сето ова да добие форма и тоа не било каква, туку детално и перфектно програмиран TCR автомобил.

Поради тоа изнајмени се експерти во оваа област од страна на WSC Group и тоа Италијанскиот експерт Лука Рагуза кој заврши неверојатна работа.

„Мојата работа се состои од програмирање на автомобилоте за виртуелно тркање. Започнав од 3Д рендерирање по пример од Лоренцо Прати од LP Design. Со уникатна алатка работев на изгледот и функционалноста. Потребни се 300 часа работа за да се дојде до крајниот производ кој изгледа добро и е функционален.

Марко Сабатини работи на рендерирање на дизајнот на надворешноста на секој автомобил, а потребни му се 20 до 25 часа повеќе по автомобил, во зависност од комплексноста на декорацијата. Последното обликување доаѓа од Тино Хартман кој се грижи за звукот на автомобилите.“ – објасни Рагуза.

“Возачите можат да менуваат ограничен број на параметри. Во текот на програмирањето доработувам некои работи како сооднос на менувачот, аеродинамички драг и суспензија, додека возачите подоцна можат подоцна да го подесат притисокот на гумите, да учествуваат во распоредување на сопирачките и калибрација на диференцијалот.“ додаде Рагуза.

Во соработка со техничкиот оддел на секој производител, Рагуза ќе започне да работи на верзијата 2.0 од виртуелните TCR автомобили, поточно во новата верзија ќе може да се покажат оштетувањата на секој автомобил при удари, со што автомобилите и забавата би била уште пореална.

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *