Wednesday , July 18 2018
Home / Авто-Мото Свет / 3000КС Nissan GT-R на тест во борбата на 402 метри; Цел: Влез во 6 секунди (ВИДЕО)

3000КС Nissan GT-R на тест во борбата на 402 метри; Цел: Влез во 6 секунди (ВИДЕО)

Борбата за најбрз Nissan GT-R на планетава продолжува. Не само што продолжува туку и станува доста неизвесна.

Во игра се две развојни куќи од САД и една од Бахреин кои се стремат кон поставување на нов рекорд, влегување во границата од 6 секунди на 402 метри трка. Овие неколку години трката за најбрз GT-R на планетава стана доста интересна бидејќи работите ги поминаа границите на нормалата. Како што ви е познато, од година во година границата се поместува, а моментално како што рековме новата цел е пробивање на границата од 6 секунди. Овие тунинг куќи (ETS, AMS, Ekanoo Racing) се водени од сериозни момци кои се занимаваат со равој на нови делови. Не е голем проблем да се подигне бустот на турбото и да се дојде до сила која ќе повлече. Најголемата проблематика е да се произведат делови кои ќе го издржат тој огромен притисок во текот на тие 402 метри, што значи конструирање на беспрекорен V6 агрегат и менувач што претставува вистински предизвик. Оваа година се очекува доста акција во оваа борба, со тоа што момците од ETS веќе имаат време од 7.01 со сетапот од 2016 година, па затоа очекуваме нови времиња во текот на следнава недела со новиот сетап за 2017 година.

Погледнете го дино тестот на ETS (Extreme Turbo Systems) GT-R кој испорачува 3000КС, со кој оваа екипа се бори за титулата најбрз GT-R на планетава:

Check Also

F1: Алонсо ја повози Карина Лау еден БРЗ КРУГ во McLaren 570S (ВИДЕО)

Погледнете ја реакцијата на Карина Лау кога се вози со еден од најдобрите возачи во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *