Saturday , December 15 2018
Home / Latest Articles / 37 Бузетски Дани: Фаџиоли до апсолутна победа, но не и до рекорд на Бузет (Извештај)

37 Бузетски Дани: Фаџиоли до апсолутна победа, но не и до рекорд на Бузет (Извештај)

„37 Бузетски Дани“, завршија, но импресиите остануваат засекогаш…

После една година пауза од легендарната Бузетска трка, оваа година не можевме да не присуствуваме на ова легендарно финале на Европското првенство на ридски патеки.

Како и секогаш чувството е прекрасно да се биде на најпосетената и највозбудлива трка во Европа каде присуствуваат екстремно подготвени и крајно атрактивни автомобили. Оној кој не бил не знае, оној кој бил, веднаш по завршувањето на трката прави планови за следната година.

Тоа е Бузет, се навлекувате на оваа трка. Секогаш преку 200 автомобили, загарантирана забава, гостопримливи домаќини, незаменлива Истарска природа… Едноставно – Бузет, иако оваа година дефинитивно можеше да се види мала деволуција на овој настан во целост.

Парада на возила низ улиците на Бузет

Не премногу, но можеше да се примети. Но моментот кога дознавме дека оваа година е прекината легендарната баклијада на свиокот Комушница, е тука може да се каже дека целата публика беше разочарана, но само во тој дел.

Помеѓу повеќе од 10.000 публика, можевме да видиме многу легенди во автомобилизмот, помеѓу кои и освојувачот на дијамантска кацига во бивша Југославија, легенда на југословенскиот и Црногорскиот автомобилизам – Жељко Баничевиќ, со кој имавме чест да патуваме и да присуствуваме заедно целиот викенд во тимот на еден од двајцата Црногорски автомобилисти – Немања Кашчелан, кој со неговиот автомобил Honda Civic извојува трета позиција во класата Е1-1600 во која броеше 14 возачи.

Иако прогнозата кажуваше на можен локален дожд, сепак после неколкуте капки во саботата, во неделата бевме сведоци на прекрасно време кое ветуваше перфектни возења и можни рекорди на патеката.

Во фокус беше ставена борбата на Симоне Фаџиоли со сам себе, за подобрување на ланскиот рекорд на патеката поставен од Кристијан Мерли. Симоне Фаџиоли дефинитивно веќе не брка титули, туку само рекорди на патеките низ Европа.

Но и покрај напорите на 10-кратниот Европски шампион во Категорија 2 кај болидите и прототиповите, дојде до победа. Но не и до рекорд на Бузет, иако речиси два часа, но и до последен момент стоеше пред стартот со инструмент во раце со кој ја мереше температурата на асфалтот.

Му фалеа 3 секунди, но тоа е многу кога станува збор за подобрување на рекорд на патека на која рекордот толку многу пати е подобруван, што фалат само делови од секундата за нов рекорд, извозувајќи ја 5001 метарската патека за 2:07.9 минути во второто возење.

Сепак, тој излезе како победник во генерален пласман помеѓу 208-те возачи кои стартуваа, а за подобрување на рекордот на неговиот сонародник ќе мора да почека до следната година за нова шанса.

Дејан Копајтиќ на старт

Голема борба гледавме и во класите E2-SH+3000 и Е1-1600 кубни сантиметри каде Домагој Перековиќ со неговиот автомобил Mitsubishi Lancer EVO 9 ја однесе победата кај E2-SH+3000, додека во класата Е1-1600 во која се водеше опасно возбудлива борба, победата ја однесе незаменливиот Дејан Копајтиќ со неговиот добро познат автомобил Југо 1600.

Вилиам Продан – Skoda Fabia R5

Исто така, во класата S20-3000 во која се водеше сериозна Хрватска борба помеѓу Вилиам Продан (Skoda Fabia R5), Марио Јуришиќ (со изнајмен автомобил Ford Fiesta R5) и Јурај Шебаљ (Hyundai i20 R5), а победата ја однесе Вилиам Продан.

Ова беа убедливо најинтересните борби кои ги гледавме овој викенд, а за целосните резултати проследете ги линковите кои следуваат подолу:

Прво возење – http://www.sport-timing.com/livetiming/results1.php?event=319&race_id=1956

Второ возење – http://www.sport-timing.com/livetiming/results1.php?event=319&race_id=1957

Во прилог ви го претставуваме најстариот гледач на Бузет. До следен Бузет…

Check Also

WRC: Официјално, Себастиен Леб се враќа во WRC со 2-годишен договор со Hyundai

Деветкратниот WRC шампион, а воедно и најкомплетниот возач на сите времиња, Себастиен Леб, официјално се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *