Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / 52 Србија Рели: Борковиќ/Марковиќ со голема предност на чело после првиот ден

52 Србија Рели: Борковиќ/Марковиќ со голема предност на чело после првиот ден

Долго очекуваното Србија Рели, денес започна со брзинските испити

Уште од првиот брзински испит Мрка Стена 1, Душан Борковиќ заедно со неговиот совозач Игор Марковиќ веднаш се најдоа во водство со 15 секунди предност пред главниот ривал и претендент за победата на ова рели Мирослав Ангелов, но и третиот возач со Skoda Fabia R5 EVO Јанош Пушкади, кои влегоа во борба за најдобро време.

Иако Борковиќ десетина години не возел рели, како и неговиот совозач Игор Марковиќ кој после 16 години повторно се врати како совозач, тоа воопшто не ги спречи да прават најбрзи времиња на брзинските испити. Денес се возеа осум брзински испити: Мрка Стена 1, Крива Река 1, Жупа 1, Мрка Стена 2, Крива Река 2, Жупа 2 и два ноќни брзинци Берановац 1 и Берновац 2.

Борковиќ/Марковиќ денешните осум брзински испити ги завршија на првата позиција со време од 1:01:02.3 додека на втората позиција со заостанување од 3:42.9 минути позади се наоѓаат Пушкади/Годор. На третата позиција пристигнаа гостите од Бугарија Василев/Добрев во автомобил Mitsubishi Lancer EVO IX, а заостануваат за 7:24.2 минути.

Вичентиќ/Јевтиќ се четврти во Peugeot 208 R2 со заостанување од 7:34.6 позади Борковиќ/Марковиќ, додека на петтата позиција се наоѓаат Дучиќ/Зариќ во ист автомобил Peugeot 208 R2. Еден од главните фаворити за победа Ангелов/Гаџев во Skoda Fabia R5 се на шестата позиција со 8:58.9, кои денес имаа гума дефект и загубија драгоцено време, но и шанса за победа на годинешното Србија Рели.

Денеска имавме повеќе откажувања поради дефекти и излетувања, а меѓу нив се наоѓа и главната звезда на ова рели, Владица Рабреновиќ заедно со неговиот совозач Ана Голиќ, кои поради излетување во 5тиот брзински испит не успеаа да продолжат понатаму. Со откажување им се придружија Станчовски/Карчев, Станков/Јорданов, Јовиќ/Новаковиќ, Радев/Герогиев, Крчевинац/Марјановиќ и Пејиќ/Ѓоковиќ.

Утре со почеток во 9:28 часот стартува првиот брзински испит од шесте закажани, а подолу погледнете ги првите 20 пласирани денес:

 

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *