Денес, 13 март, навршуваат точно 70 години од денот на кој се одржа првата трка во Светскиот шампионат во Формула 1
Домаќин на првата трка во Формула 1 беше патеката Силверстоун каде Џузепе Фарина победи со Alfa Romeo 158 “Alfetta”, кој исто така продолжи до титула таа година.
Alfa Romeo “Alfetta” влегува во историјата како еден од најуспешните Ф1 болиди на сите времиња. Победи на 47 од 54 трки помеѓу 1938 и 1951. После победата на Фарина во 50-тата година од минатиот век, следеше титулата на Хуан Мануел Фанџо во 51-вата, исто така во Alfa Romeo “Alfetta”.