Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / TCR Europe: Неофицијално, претставен е календарот за 2019 година

TCR Europe: Неофицијално, претставен е календарот за 2019 година

Новиот календар за Европската TCR Серија е нешто поразличен од оној кој се возеше оваа сезона, додека разлика има и во бодовниот систем…

Во календарот ќе погледнеме промени во пистите кои ќе бидат домаќини. На пример, Пол Рикар нема да биде дел од календарот во 2019, но затоа пак, Ред Бул Ринг и Ошерслебен ќе бидат додадени во истиот.

Оваа година бевме сведоци на две Холандски рунди, Зандворт и Асен, додека следната година тоа ќе биде една рунда која сеуште не е потврдена, но ќе се одржи како втора рунда во календарот.

Како и во 2018 година, одреден број на различни серии ќе се возат заедно со Европската Серија и тоа TCR Бенелукс во пет евенти, TCR Источна Европа во три евенти и TCR Велика Британија само на патеката Спа Франкоршамп.

Исто така, нов бодовен систем е воведен со тоа што првите 15 возачи ќе се бодуваат низ скалата: 40, 35, 30, 27, 24, 21, 18, 15, 13, 11, 9, 7, 5, 3, 1.

Календарот за 2019 изгледа вака:

27/28 Април – Хунгароринг (Заедно со TCR Бенелукс и TCR Источна Европа)
17/19 Мај – Холандија (Заедно со TCR Бенелукс)
8/9 Јуни – Спа Франкоршамп (Заедно со TCR Бенелукс и TCR Велика Британија)
13/14 Јули – Ред Бул Ринг (Заедно со TCR Источна Европа)
3/4 Август – Ошерслебен
21/22 Септември – Барселона (Заедно со TCR Бенелукс)
12/13 Монца (Заедно со TCR Бенелукс и TCR Источна Европа)

Check Also

Заврши деветтото издание на Рели Шоу Санта Доменика, девојка запросена на церемонијалниот старт!

Како што веќе најавивме, едноставно не беше возможно да не присуствуваме на официјално, последниот моторспорт …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *