Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / WRC: Апсолутна доминација на Toyota во Германија

WRC: Апсолутна доминација на Toyota во Германија

Возачот на Toyota От Танак дојде до победа на Рели Германија, предводејќи 1-2-3 победа за Toyota

Танак дојде до уште една победа, овој пат на Рели Германија кое се одржа овој викенд. Тој ниту во еден момент не беше загрозен од своите конкуренти, а тоа му донесе и зголемување на предноста во генерален пласман кај возачите за 35 поени. Крис Мик заостануваше за 20.8 секунди пред Јари-Мати Латвала кој заврши на последната позиција на подиумот.

Невил заврши на петтата позиција позади неговиот тимски колега Дани Сордо, кој излезе од борба за победа после проблем со гумата, при што мораше да промени тркало, губејќи драгоцено време. Тој сега се наоѓа пред шест-кратниот WRC шампион Себастиен Ожие кој исто така мораше да промени тркало поради дупната гума, за 13 поени понапред.

Подолу погледнете ги времињата, како и распоредот во генерален пласман кај возачите и тимовите:



Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *