Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR Макау: Милер победник на првата трка, Чекон емотивен поради освоениот подиум, Михелис очекува тежок продолжеток на викендот…

WTCR Макау: Милер победник на првата трка, Чекон емотивен поради освоениот подиум, Михелис очекува тежок продолжеток на викендот…

Францускиот возач и член на Lynk & Co Cyan Racing тимот Иван Милер, дојде до сигурна победа од старт до цел, бранејќи се од новиот лидер во генерален пласман, Норберт Михелис во текот на целата трка.

Ова беше трета победа оваа сезона за Милер, кој цело време го држеше неговиот ривал позади себе, победувајќи го за половина секунда.

Втората освоена позиција за Михелис го стави на чело во генерален пласман кај возачите, за 18 поени пред Естебан Гериери, додека на третата позиција се наоѓа Иван Милер со уште 18 поени позади Гериери, кој поради промена на моторот мораше да стартува од последната позиција на гридот.

Гериери напредуваше во текот на трката, но влезе во бокс поради детални подесувања на автомобилот, кои дефинитивно му требаат за утрешните две трки.

На третата позиција на подиумот се искачи Кевин Чекон (Team Mulsanne Alfa Romeo) кој ја освои третата позиција пред самата цел, проаѓајќи го Енди Приол кој беше на третата позиција во текот на целата трка, а подзастана за да го пропушти неговиот тимски колега Тед Бјерк кој исто така се наоѓа во борба за титулата.

„Ова беше доста добра трка. Тимот дефинитивно го заслужи овој подиум. После трката на Сузука мојот тим загуби голем дел од мотивацијата, бидејќи имав седма стартна позиција, а подоцна бев казнет. Она што ја ставивме Alfa Romeo на подиум во Макау, е нешто што никој од нас не го очекуваше.“ – изјави Чекон.

Лошата тактика на Приол ја искористија Кевин Чекон и Роб Хаф, а не ја искористи токму оној кој највеќе требаше, Тед Бјерк. Швеѓанецот заврши на петата позиција позади Хаф, а пред Приол, додека Вервиш, Ерлаше, Тарквини и Катсбург завршија на седмата , осмата, деветтата и десеттата позиција.

Втората трка стартува во 1:45 после полноќ, со обратен грид од првите 10 од првата трка. Подолу погледнете го целосниот поредок од првата трка, како и најинтересните моменти од видеото:

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *