Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / WRC: Сордо повторно се приклучува на Hyundai во Италија, додека Леб овој викенд во Турција

WRC: Сордо повторно се приклучува на Hyundai во Италија, додека Леб овој викенд во Турција

Шпанскиот возач Дани Сордо по втор пат оваа година ќе настапи за тимот на Hyundai, поточно следниот месец на Рели Италија.

Сордо ќе настапува со третиот фабрички автомобил Hyundai i20 Coupe WRC кој го дели со Себастиен Леб и Крег Брин, заедно со неговите колеги Тиери Невил и От Танак на Рели Италија во Сардинија од 8 до 11 октомври.

Дани Сордо успеа да дојде до победа во Светскиот рели шампионат позади волан на Hyundai минатата година на Рели Италија, а како помош за тоа му дојде откажувањето на управувачкиот систем на сегашниот колега, а тогашниот ривал од Toyota, От Танак.

Шпанецот за прв пат после Рели Мексико во март оваа година, ќе настапи за Корејскиот тим, откако пандемијата од коронавирусот направи пауза во Светскиот рели шампионат. На тоа рели, Сордо мораше да се откаже поради проблеми со моторот на неговиот автомобил.

Досега оваа година, третото седиште на Hyundai беше ротирано за Сордо, Леб и Брин, кој комплетираше 1-2 подиум за тимот позади Танак на Рели Естонија овој месец, додека Леб на кого последен настап му беше Рели Монте Карло, ќе го превземе седиштето овој викенд за Рели Турција.

Hyundai сеуште не објавиле кој возач ќе настапи со третиот автомобил во Белгија на сезонското финале, а тоа можеме да го очекуваме после Рели Турција.

Со четири рунди извозени и уште три до крајот на сезоната, Hyundai води пред Toyota во поредокот кај конструкторите со предност од само пет поени, додека Танак е најдобро пласираниот возач на Корејскиот производител, кој се наоѓа за 13 поени поназад од Себастиен Ожие, водечкиот возач на Toyota, воедно и лидер во генералниот пласман кај возачите.

Check Also

WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

Ултра блиската борба за пол позиција со Јан Ерлахер му донесе на Натанаел Бертон прва …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *