Tuesday , January 19 2021
Home / Latest Articles / MotoGP Каталуња: Морбидели со прва пол позиција во кариерата во премиерната класа

MotoGP Каталуња: Морбидели со прва пол позиција во кариерата во премиерната класа

Франко Морбидели ја освои првата пол позиција за него во премиерната класа и предводеше 1-2-3 за Yamaha на квалификациите на патеката Каталуња во Барселона

Пеколна борба се водеше за пол позицијата, а тоа беше најавено уште на тренинзите каде Морбидели и Квартараро ја менуваа првата позиција.

Квартараро заостана зад најбрзиот круг на Морбидели кој беше единствениот кој извози под 1:39, поточно 1:38.798, за 0.210 секунди, додека вистинско изненaдување беше третото време освоено и прв ред на утрешната трка за Валентино Роси кој заостана зад Морбидели за 0.331 секунди.

Од вториот ред од четвртата позиција ќе стартува Џек Милер, додека до него од петтата и шестата позиција ќе стартуваат Маверик Вињалес и Јохан Зарко. Пол Еспергаро, Жоан Мир и Данило Петручи ќе стартуваат од третиот ред од седмата, осмата и деветтата позиција, додека од четвртиот ред десетти, единаесетти и дванаесетти ќе стартуваат Бред Биндер, Такаки Накагами и Мигуел Оливеира.

Утрешната трка започнува од 14:00 часот со директен пренос на Спорт Клуб 3.

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *