Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / TCR Europe: Мајк Халдер со победа на првата трка на Каталуња

TCR Europe: Мајк Халдер со победа на првата трка на Каталуња

Овој викенд на патеката Каталуња крај Барселона се одржува четвртата рунда од Европската ТЦР Серија на која Македонскиот возач Виктор Давидовски и неговиот ПСС Рејсинг тим повторно не успеаа да пристигнат поради рестриктивните мерки за Македонските државјани.

Уште на слободните тренинзи најбрз на патеката беше Сами Тофик во Audi, додека на квалификациите Мато Хомола во Hyundai беше најбрзиот на патеката кој ја освои пол позицијата за првата трка со предност од само 0.024 секунди пред Мајк Халдер.

Но Мајк Халдер после перфектниот старт уште пред првиот свиок успеа да дојде до лидерската позиција која исто така ја задржа до целта и дојде до втора победа во ова престижно натпреварување.

Пепе Ориола кој стартуваше од четвртата позиција дојде до втората позиција на подиумот после притисокот во последните два круга од Сами Тофик кој заврши трет, а беше заглавен позади Меди Бенани и Мато Хомола во текот на речиси целата трка.

Хомола успеа до четвртата позиција пред Меди Бенани кој пристигна како петти на целта. Шести беше Даниел Наџ, пред Андреас Бекмен на седмата позиција. На осмата позиција заврши Џон Филипи, пред Жулиен Брише на деветтата позиција, додека топ 10-те ги комплетираше Николас Барт.

Исто така во поени до 15 позиција влегоа Џ. Клаире, Сапаг, Леонов, Вентажа, Џ. Бекмен.

Втората трка е на програмата утре од 13:55 часот.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *