Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / AKK Custom Car со четири автомобили на Пониква

AKK Custom Car со четири автомобили на Пониква

После Водно, следна станица е Пониква овој викенд…

Еден од најбројните клубови во Македонија, Custom Car, овој викенд на ридската патека Пониква крај Кочани ќе се појават со четири автомобили.

Во споредба со Водно, фалат четворица возачи: Коста Николовски, Мики Лазаревски, Бојан Тодороски и Зоран Делев.

Овој викенд борба за најбрзо време ќе водат Мартин Делев и Александар Георгиевски во класата 1 Југо Група А-1.150 кубни сантиметри, Марио Велковски во класата 2 – Група N-1400 и Давид Малинковски во класата до 2000 кубни сантиметри.

„Оваа трка ќе се појавиме во преполовен состав со четири возила. На трката на Водно имавме мали проблеми со автомобилите, но уште следниот ден после завршувањето на трката се фрливме на работа. Недостатоците на мојот автомобил се решени, дефектите на останатите автомобили се исто така санирани, па можам да кажам дека автомобилите се супер подготвени за Пониква овој викенд.“ – краток и јасен беше Мартин Делев.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *