Wednesday , September 19 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Европа: Пропуштени двата слободни тренинзи за Стефановски поради удар

TCR Европа: Пропуштени двата слободни тренинзи за Стефановски поради удар

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски заедно со неговиот тим се наоѓа на петтиот тркачки викенд од Европската TCR Серија на патеката Асен во Холандија

Тој не се појави на првиот слободен тренинг, додека на вториот излезе со резерва при крајот од сесијата. Причината ни ја откри после краткиот разговор:

„Имавме закажано платен тренинг кој се одржа пред организираните два слободни тренинзи. Имаше едно незгодно место на свиок каде ивицата беше превисока, каде имаше мал столб.

Налетав, удрив и го оштетив автомобилот. Поголем број на возачи удрија, здобивајќи се со поголема штета. Мојот тим успеа да го склопи автомобилот за вториот тренинг, но првиот го пропуштивме.

Излегов на вториот тренинг при крајот колку да видам дали е се во ред со автомобилот, а потоа се повлеков во бокс и продолживме со работа. Се надевам дека се ќе биде во ред за утрешните квалификации.“ – изјави Стефановски за БрзКруг.

Check Also

Маестрално возење на Вуков на Ушче; Од 13-та позиција до прва, но не и до победа…

Изминатиот викенд на уличната патека Ушче во Белград се одржа финалето на шампионатот на кружни …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *