Saturday , February 17 2018
Home / Latest Articles / BMW M2 против Audi RS3 – победникот е многу очигледен

BMW M2 против Audi RS3 – победникот е многу очигледен

BMW M2 и Audi RS3, заедно со Mercedes-AMG A45, се очигледните кралеви во компактната луксузна класа.

Но се наметнува прашањето: кој од нив е надобар, бидејќи може да има само еден крал, нели? Во ова видео ќе видиме споредба помеѓу BMW M2 и Audi RS, во кое што презентерот мисли дека победникот е многу очигледен без никакви сомнежи.

Од една страна го имаме Audi RS3 со 2.5-литарскиот турбо агрегат распореден во 5 цилиндри, со максимална моќност од скоро 400 коњски сили. Спринтот од 0 до 100км/ч може да го направи за само 4.1 секунди, на што би му позавиделе многу поскапи спортски автомобили.

Од друга страна го имаме BMW M2, кој што е опремен со 3.0-литарски турбо агрегат со 6 цилиндри во линија и моќност од 365 коњски сили. До 100км/ч може да стигне за 4.5 секунди, поради што Audi RS3 има многу голема предност на хартија. Но дали е така во пракса?

Останува да го погледнете видеото и да размислите дали ќе се согласите со констатацијата на презентерот дека очигледниот победник во оваа споредба е BMW M2:

Check Also

MotoGP: Honda доминантна на вториот ден од тестот во Тајланд

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, е првиот возач што …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *