Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / BTCC: Вистински ролеркоустер на Нокхил – Двојна победа за Сатон, победа во третата трка за Бучер

BTCC: Вистински ролеркоустер на Нокхил – Двојна победа за Сатон, победа во третата трка за Бучер

Овој викенд на патеката Нокхил во Велика Британија се одржа четвртата рунда од Британскиот туринг шампионат.

Квалификациите беа пресудни за највисок пласман на оваа брза и кратка патека, а тоа го покажа Ешли Сатон кој после освоената пол позиција започна со борба за највисоката позиција на подиумот во првата трка.

Сатон дефинитивно е херој на викендот со освоени две први места.

Во првата трка борбата беше доста блиска помеѓу Ешли Сатон и Колин Туркингтон каде завршија по истиот редослед во борба во која Туркингтон заостана за 0.350 секунди на втората позиција, додека на третата позиција на подиумот се искачи Џејк Хил со заостанување од 3.541 секунди позади победникот Сатон после 27 извозени кругови.

После најбрзите тројца кои го пополнија подиумот најбрзи од останатите беа Инграм, Бучер, Камиш, Нил, Олифан, Мофат и Џели, кој ги комплетираше топ 10-те во првата трка.

Во втората трка, возачите стартува според завршената позиција во првата трка, а тоа значеше повторно борба помеѓу шампионот од 2018-тата Сатон и актуелниот шампион од 2019-тата Колин Туркингтон, во борба во која Сатон носеше со себе максимална тежина од 60 килограми. Ривалството помеѓу нив повторно заврши со победа на Сатон, после голема борба со Туркингтон. Подиумот беше пресликан со Сатон и Туткингтон на првите две места, но со Том Инграм на третата позиција кој заостана за 4.033 секунди позади победникот.

Четврти на целта пристигна Камиш, пред Мофат, Олифан, Чилтон, Хил, Смајли и Рори Бучер кој ги заокружи топ 10-те.

Стартот на третата трка беше обратен грид од втората, а тоа значеше пол позиција за Рори Бучер и домашната патека за неговиот автомобил Ford Focus. Иако изгледаше како рано стартување на Бучер, комисијата стоеше на ивица дали да го казни. Сепак тој остана без казна и од старт до цел тој не можеше да биде загрозен ниту од најблискиот ривал Сена Проктор кој и покрај прекинот на трката и повторениот старт, не успеа да му пркоси на расположениот Бучер заостанувајќи зад него за 6.442 секунди, додека на третата позиција заврши Том Чилтон после неверојтаното пробивање до подиумот.

Нa четвртата позиција заврши Том Олифан, пред Ден Камиш, Крис Смајли, Ајден Мофат, Колин Туркингтон и Том Инграм кој ги комплетираше топ 10-те. Ешли Сатон заврши на 11-тата позиција без можности да дојде до позиција подолу во гужвата на Нокхил со дополнителни 60 килограми. Доколку не бевте во можност да ги погледнете трите крајно жестоки трки на Нокхил, препорачуваме да ги погледнете на линковите кои ќе ги објавиме откако ќе бидат објавени од организацијата.

Следната трка е на патеката Трaкстон на 19 и 20 септември.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *