Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / BTCC: Еш Сатон до втора титула во Британскиот туринг шампионат

BTCC: Еш Сатон до втора титула во Британскиот туринг шампионат

Сатон призна дека втората освоена титула е огромно достигнување за него и за неговиот Laser Tools Racing тим

Британецот пристигна на финалето на Брендс Хеч со една цел, освојување на титула. Тој се фокусираше само на бркањето на Колин Туркингтон и неговото BMW, кој на крајот од викендот мораше да се задоволи со вице шампионската титула.

Во првата трка на финалето Сатон успеа да дојде до втората позиција позади Ден Камиш, додека Туркингтон дојде само до деветтата позиција. Во втората трка тој се избори за многу важна победа во борбата за титула, каде ја освои титулата за возачи без фабричка поддршка. Но во третата трка беше шести, завршувајќи пред Туркингтон, а беше очигледно дека има подобро темпо и покрај максималната тежина од дополнителни 60 килограми.

Покрај титулата кај „Независните“, Сатон дојде до најважната титула, шампион во Британскиот туринг шампионат која воедно е втора титула за него во овој престижен шампионат, откако првата ја освои во 2017 година позади волан на Subaru со BMR тимот.

„Ова е огромно достигнување за нас со освојувањето на титулата со новиот автомобил и новиот тим после спојувањето на BMR и Laser Tools како еден тим. Ја започнав сезоната со таа цел, а се вратив дома со три титули – за независен возач, тимска титула и севкупен победник.

BMR конструираа перфектни автомобили, а Laser Tools изведоа неверојатна задача водејќи ги низ целата сезона. Условите овој викенд беа доста тешки за сите возачи, но мислам дека присутно беше огромно почитување кај другите возачи за они кои се бореа за титулата, а исто така видовме и доста квалитетно тркање.

Се зборува дека втората титула е многу полесна да се освои од првата, но сега можам јасно и гласно да изјавам дека не е воопшто така. Имаше многу повеќе притисок од претходно, бидејќи луѓето околу нас очекуваа многу, а тоа не беше така кога ја освоив титулата во 2017 со Subaru. Како и да е, дојдовме целосно подготвени на финалето, а со квалитетен тим позади мене, се одеше перфектно. Ви благодарам на сите.“ – изјави Сатон.

Check Also

БТЦЦ: Акцијата на првата трка на Брендс Хеч Инди во 70 секунди

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FOfficialBTCC%2Fvideos%2F1562130737330607%2F&show_text=true&width=560

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *